Светски ден за борба против трговија со луѓе

Интернационалната организација за миграции (ИОМ) денеска го одбележува 30 Јули, Светскиот ден за борба против трговија со луѓе, чија цел е да се сврти вниманието кон страдањата на огромниот број на жртви на трговија на луѓе кои се соочуваат со сексуална експлоатација, принудна работа, ропство, трговија со органи.
Светскиот ден е назначен во 2013 година по усвојувањето на Резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации за борба против трговија со луѓе, а ИОМ се приклучи во глобалната борба против трговија со луѓе во поширок контекст на управувањето на миграцијата од 1994 година, со јасна визија за справување со овој тип на криминал, бидејќи речиси секоја држава во светот е под влијание на оваа зла пракса, дали како земја на потекло, транзит или земја дестинација на жртвите.
- Во последните две децении, повеќе од 70.000 луѓе добиле поддршка од нашите тимови ширум светот. Активностите кои се спроведени во соработка со владините институции, невладиниот сектор и меѓународните организации се заосновани на три принципи: почитување на човековите права, физичка, ментална и социјална благосостојба на човекот и неговата заедница, и одржливост преку зајакнување на институционални капацитети на владини институции и граѓанското општество. Поддршката е наменета за спречување на трговијата со луѓе и заштита на жртвите од трговија, а истовремено им нуди опции за безбедна и одржлива реинтеграција и /или враќање во своите земји, онаму каде тоа е возможно, велат од ИОМ.
Податоците на ИОМ покажуваат дека од вкупно 7.000 жртви асистрани
во 2015 година, 85 отсто биле жртви на меѓународна трговија со луѓе. Од преживеаните жртви на трговија со луѓе 74 отсто биле тргувани со цел принудна работа, да 17 отсто со цел сексуална експлоатација. Околу 13 отсто од вкупниот број на поддржаните жртви на трговија со луѓе се деца чија просечна возраст е 11 години. Податоците, исто така, покажуваат дека преживеаните жртви поддржани од страна на ИОМ се претежно жени, кои не само што се соочуваат со сексуална злоупотреба, туку, исто така, биле жртви на принуден брак, како и лица кои се соочуваат со сериозни економски потешкотии.
Ново на Сител
-

Нов градски пулс: Музичкиот колектив ВЖНР (VZNR) го промовираше новиот албум „Син Дух“
-

Тема на денот со Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државен завод за статистика
-

Викендов се затвора конкурсот за шеф на ОЈО ГОКК - Пријавени се четворица кандидати
-

Мицкоски задоволен од растот на економијата - СДСМ обвинува за историско задолжување
-

Македонија под висок ризик за пожари: И ноќеска скопјани спиеја со затворени прозорци поради пожарот во Ѓорче Петров
-

Ристески: Со училишната кошничка едно семејство со два ученика заштедува и до 3.000 денари
-

Струја нема вода нема, револт во Чешиново
-

Да се инвестира во надоградување на домашните работници, а не да се увезува работна рака
