Светска банка предвидува раст на албанската економија од само 2,2 отсто
Светска банка ги ревидираше со намалување своите очекувања за економски раст оваа година.
Во последниот извештај, Global Economy Outlook, се наведува дека албанската економија ќе забележи раст за само 2,2 отсто, со што прогнозата на почетокот на годинава е речиси 1,3 отсто пониска од онаа направена во јуни 2022 година.
-Оваа мрачна прогноза на меѓународната организација, која е значително пониска од очекувањата на владата од 2,6 отсто, главно е поврзана со последиците од војната во Украина, кои според неа, ќе се чувствуваат и во текот на целата 2023 година. Дополнителната неизвесност на уште еден можен бран на пандемија може да ја турне глобалната економија во рецесија, јави Топ чанел.
За следната година проекциите на Светска банка зборуваат за економски раст на Албанија од 3,4 отсто.
За сите земји од Западен Балкан, годинава се очекува економскиот раст да биде бавен и да не надмине 2,5 отсто.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника