Светска банка подготвена да и помогне на Владата за економски развој на Македонија
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик премиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, вчера се сретна со Цирил Милер, потпретседател на Светска банка, придружуван од регионалната директорка за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер и директорот на Светска банка за Македонија, Марко Мантованели.
Владината прес-служба денеска соопшти дека високите претставници на Светска банка на средбата изразиле поддршка на новата Влада на Македонија. Оценето е дека завршувањето на политичката криза и реформските политики на Владата отвораат нови можости и перспективи за Македонија. Поради тоа, Светска банка изрази подготвеност да помогне на Владата во заложбите за нови работни места, добра бизнис клима, инвестиции. На средбата се разговараше за поддршка на Светска банка преку системот за менаџирање на јавни финансии и компетитивност на економијата.
Премиерот Заев соопшти дека врвен приоритет на Владата е да обезбеди стабилност на економијата и развој.
- Владата е силно посветена сите граѓани да почувствуваат бенефит од економскиот развој. Целта ни е добар животен стандард за сите. Затоа Владата ќе ја зголеми поддршката за домашните претпријатија, а создаваме услови и за реални странски инвестиции, рече Заев.
Претседателот на Владата најави покачување на минималната плата од септември и фер даночен систем, за да се намалат социјалните разлики во државата. А за стабилна бизнис клима, премиерот соопшти дека се планирани реформи со цел да се обезбедат независно судство и продесионални институции.
На средбата, претставниците на Светска банка ја поздравија определеноста на премиерот Заев и на Владата за поддршка на регионалниот развој како важен услов за економскиот развој на Македонија и на државите во регионот, се вали во соопштението од влаината прес-служба.
Ново на Сител
-
Мајки нападнати од своите синови во кумановско
-
Сиљановска Давкова доби покана од колешката од Швајцарија, Амхерд за учество на Самитот за мир во Украина
-
Составот на новата влада на Мицкоски пред финален договор
-
Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
-
Неделава Србија повторно оди на избори-за град Белград и на локални избори
-
Визер скратува летови од Скопје, компанијата се соочува со 40 приземјени авиони
-
Разрешен директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија
-
Демири: Хируршките сали се стари, Клинички ќе користи надворешни компресори додека не стигнат испитувањата