-->
-->
Светска банка дава поддршка за прогресивното оданочување
-->
– Светска банка ја поддржува и смета дека е прифатлива најавената даночна реформа и воведувањето прогресивно оданочување, но порачува дека Владата треба да направи повнимателна анализа околу висината на износот на кој ќе се однесува повисоката стапка на оданочување.Ова беше истакнато на денешната презентација на Редовниот економски извештај за Западен Балкан на Светска банка денеска во Скопје.
- Може да поддржиме прогресивно оданочување што го анализира Министерството за финансии. Се движат во исправна насока со оглед на податоците со кои располагаме денес, но треба да се направи внимателна анализа околу прагот на кој ќе се однесува повисоката стапка на оданочување, рече Марко Мантованели, директор на Канцеларијата на Светска банка во Македонија.
Во прилог на воведувањето на прогресивното оданочување од Светска банка посочија на фактот што Македонија заедно со Албанија и Косово во Европа има најниски приходи. Според нив, рамниот данок кој се применува сега во земјата е една од причините за ниските приходи.
Во однос на реформите во пензискиот систем од Светска банка наведоа дека анализата е во тек и дека се уште е далеку од одлука. Мантованели посочи дека има повеќе можности, а дека зголемувањето на старосната граница за пензионирање е само една од тие.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
-

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие
-

Синер без загубен сет го совлада Ѓоковиќ за финале на Вимблдон
-

Трамп: Иран бара продолжување на преговорите, ние се согласивме, но предупредуваме дека прекинот на огнот е завршен
-

СП 2026: Една жртва во прославата по пласманот на Франција во полуфиналето
