Свет
6. February 2019 - 20:45

Светот се наоѓа пред веројатно 10-те најтопли години

Светот се наоѓа пред она што веројатно ќе бидат најтоплите 10 годни откако се водат податоци, а тоа е од 1850 година, соопшти Метеоролошката канцеларија.

Се предвидува, дека температурата за секоја од следните пет години ќе биде за степен повисока. Постои и мала шанса во следните пет години, глобалните температури провремено да надминуваат над 1,5 степени годишно, пренесе „Би-би-си“.

Тоа се смета за критичен праг за климатските промени.

Доколку се остварат прогнозите, деценијата од 2014-2023 година, ќе биде најтоплата во повеќе од 150 години водење на евиденција.

Метеоролошката канцеларија соопшти дека 2015-та била прва година во која глобалната годишна просечна температура достигнала еден степен над прединдустриското ниво.

Секоја година оттогаш, глобалниот просек е во близина или над еден степен. Метеоролошката служба верува дека овој тренд веројатно ќе продолжи или ќе се зголемува во следните пет години.