-->
-->
Светот полуде по кралските венчавки: Ќе се одржи аукција на која ќе се продаваат торти од сите венчавки, парчето од свадбата на Дајана со најголема цена
-->

Како што пренесува Ројтерс, на аукцијата ќе бидат пондени и парчиња торта од венчавката на принцот Чарлс и принцезата Дајана како и од венчавката на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон.
Се очекува аукцијата да се случи во Лас Вегас на 23. јуни, пет парчиња торта поединечно ќе достигнат цена од неколку стотина, па дури и илјада долари, навела аукциската куќа Џулијенс Аукшен, но исто така било наведено дека „ тие не се за јадење“.
Парчето од венчавката на Чарлс и Дајана, кое ќе биде презентирано во бела кутија со ЦД од Бакингемската палата од 29.јули 1981. ( кога била одржана венчавката) со сребрен натпис кое се проценува да достигне цена помеѓу 800 и 1200 долари.
- Нив ќе ги донесат луѓе кои биле на венчавањето, а ги чувале во фриждер цело ова време, рекол Џулијан и додал дека парчињата не се чувани со помош на некои други додатни сретства.
Овошната торта од венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон од 2011 години, ќе биде преставена заедно со честитка на која ќе пишува „ Се најдобро од ЊКВ принцот од Велс и војвотката од Кембриџ“.
Се очекува тоа парче да достигне цена меѓу 600 и 800 долари, а како што агенцијата наведува, оваа аукциска куќа во 2014 година продала парче торта од венчавката на Вилијам и Кејт за 7.500 долари.
Меѓу останатото ќе има и парче од венчавката на принцот Чарлс и Камила Паркер од 2005 година, како и од венчавката на принцот Ендру и Сара Фергусон од 1986 година, се очекува и за овие торти да се достигне цена од 600-800 долари.
Парче торта и од венчавката на принцезата Ана и нејзиниот прв сопруг Марк Филипс од 1973 година, се очекува цена од 300-500 долари.
- Тешко се фрла нешто што ви го дало кралското семејство, рекол Џулијан.
На венчавката на принцот Хари и Меган Меркел кое ќе биде одржана на 19. мај, повикани се повеќе од 600 луѓе а на свечениот прием се поканети уште 200.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приност во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија