Фудбал
11. јуни 2018 - 16:56

Светот полуде, 100 милиони за Ериксен!

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен, најверојатно, по Светското првенство ќе го напушти Тотенхем.

Еден од клучните фудбалери на Тотенхем во изминатите три сезони и лидер на данската репрезентација, според шпекулациите, кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид, иако сериозен интерес за него покажа и Барселона.

Реал на Тотенхем му понудил 100 милиони евра, сума што Спарси ќе ја прифат. За реализација на трансферот најважна е добрата соработка на тимовите во претходните години.

Реал од Тотенхем ги донесе Герет Бејл и Лука Модриќ.