Светиот крст во Преспа го фати Дарко Барандовски

Светиот крст во водите на Преспанското Езеро го фати 19-годишниот Дарко Барандовски од Ресен. Тој беше најсреќен меѓу 31 верник, што скокаа во студените езерски води во Отешево, меѓу кои имаше и една девојка.
Барандовски, кој прв пат скока по Светиот крст на сите им посака здравје и среќа.
- Прв пат скокнав и го фатив. Господ на сите да им дава здравје и на мен. Секаде да е напомош, изјави Барандовски по фаќањето на светиот крст.
Тој беше даруван со телевизот од Општина Ресен и со други подароци од МПЦ и спонзори.
- Во духот на долгогодишната ресенска, преспанска, но и македонска традиција на одбележување на Богојавление - Водици најбрзиот и највештиот Барандовски успеа прв да стигне до светиот крст. Честитки до сите оние што на ова исклучително студено време имаа храброст, но пред се Божја волја да се фрлат во водите на Преспанското Езеро, истакна градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски
Чинот за осветување на водите го водеа свештеници од Преспанско-пелагониската епархија од ресенското архиерејско намесништво.
Ново на Сител
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Ден Дончев недостапен, на останатите одземени пасошите за милионските злоупотреби со фондот и приватна очна болница
-

Македонија во фокусот на единствената претседателска дебата во Бугарија
-

Обвинетиот за потпалување на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
-

Македонската економија пораснала за 3,8%
