Светиот крст во Пехчево го фати Влатко Крамарски

Светиот крст од водите на реката Писа во Пехчево го извади 29-годишниот Влатко Крамарски од Пехчево. Петнаесетина млади луѓе влегоа во водите на студената река, но Крамарски беше највешт.
- Очекувам оваа година да ми биде бериќетна, да донесе здравје, среќа, но и вработување, рече Крамарски веднаш по излегувањето од водата.
За него општина Пехчево обезбеди награда лцд телевизор.
Чинот на осветување на реката Писа го следеа стотина жители на Пехчево. По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, свештениците од црквата „Св. Петар и Павле“ одржаа света божествена литургија. За многубројните посетители на оваа манифестација, која од година во година станува се помасовна, локалната самоуправа и оваа година обезбеди бесплатни топли пијалоци (ракија и вино) за сите присутни.
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
