Живот
1. December 2015 - 12:40

Светици или грешници: Калуѓерки се облекуваат како проститутки и влегуваат во бордели

Бројот на земјите кои ги поддржуваат калуѓерките кои ги спасуваат жртвите на трговијата со луѓе ширум светот порасна на 140, соопшти Џон Стурџински, инвестициски банкар и филантроп кој поддржува ваков вид на борба против модерното ропство.

Тој вели дека моментално 1.100 калуѓерки ширум светот ги тресат поединците и организациите кои се бават со трговија со луѓе така што се преоблекуваат во проститутки и одат по борделите за да им помогнат на жртвите.

-Не сакам да бидам сензационален, ама мрачни сили владеат со светот. Светот ја изгуби својата невиност. Нашата група почна ра работи уште во 2004 година со задача да ја спречи трговијата со луѓе. Се шириме колку што можеме. Во светот моментално постојат 73 милиони жртви на трговија со луѓе. Ним им треба помош, вели Стуџински.

Тој наведува дека проститутките често се заклучувани во простории без храна и вода.

-Ужасни работи се оние што ги доживуваат. Постојат проститутки кои морале да бидат и со по 12 кленти дневно, додава Стурџински.