Балкан
9. September 2016 - 14:25

Свекрвата на Јелена Марјановиќ под истрага: На Зорица и се закануваат 3 години затвор!

Обвинителството покренало истрага против Зорица Марјановиќ, свекрвата на убиената Јелена Марјановиќ, поради сомневање дека се бави со надрилекарство, пишува ало.рс.
 
Според информациите, обвинителството побарало од полицијата да ги достави сите сознанија што се во врска со нејзината сомнителна работи и клиентите кои ги примала и од нив земала пари.
 
Всушност кај Зорица секојдневно доаѓале луѓе кои имале здравствени проблеми.
 
Сослушани се и неколку луѓе кои доаѓале кај Зорица на терапија.
 
- За да не користи телефон, клиентите ги закажувал нејзиниот кум. Немала тарифа, туку клиентите оставале онолку пари колку што сакале. Во текот на истрагата која се води, сите клиенти на кои Зорица укажувала помош ќе бидат испрашани - изјавил изворот за ало.