Свекорот на убиената пејачка пред полиција: "Син ми е верник, верниците не убиваат"

Зоран Марјановиќ, сопругот на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ која беше ѕверски мачена и убиена, и понатаму се наоѓа во полиција. Мажот на пејачката на Гранд и покрај тоа што ги помина полиграфските тестирања, е задржанво полицијата, а неговиот татко очаен го чека надвор, бидејќи како што вели тој е верник, а верниците не убиваат.
Владимир Марјановиќ пред Министерството за внатрешни работи, 29 Ноември, го чека својот син, кој како што вели е невин.
- Мојот син е верник, а тие не убиваат. Не си ја грешете душата, не му ставајте на душа нешто што не направил. Не сведочете лажно против блиските, вели тој за Курир.
Поради некои контрадикторности, сопругот на убиената пејачка е задржан во полиција. Тој го помина првиот полиграф, па беше повторно испитуван. Го помина и вториот полиграф, а сега полицијата ќе одлучи дали ќе го држи 30 дена во притвор.
Полицијата го испитува и автомобилот на Зоран.
Ново на Сител
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
