-->
-->
Сведокот на одбраната во процесот на Ратко Младиќ пронајден мртов во хотел во Хаг
-->
Сведокот на одбраната во процесот на Ратко Младиќ во Меѓународниот трибунал за воени злосторства во Хаг, е пронајден вчера мртов во хотел во Хаг, соопшти Трибуналот.
Сведокот Душан Дуниќ требал да се јави вчера во судот, за да даде исказ. Телото му било откриено од вработен во хотелот, придружен од претставници на трибуналот. Тие веднаш повикале тим на брза помош, кој констатирал смрт.
Експертот по судска медицина Душан Дуниќ од Србија се јави во улога на сведок за неколку дела, разгледувани од Хашкиот трибунал.
Поранешниот воен командант на босанските српски сили Ратко Младиќ, кој 16 години се криеше од правосудството, беше уапсен во Србија на 26 мај 2011, а на 31 мај беше предаден на Хашкиот тибунал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична