Сведоци на падот на српскиот авион: „Слушнав звук како гром, а потоа ги здогледав пилотите
„Слушнав силен звук како гром да удри негде, погледнав горе во небото и видов два пдаобрана како паѓаат, вели Владимир Кухарик, сведок на трагедијата кај Ковачице во која при пад на авион загина пилот, додека другиот е во тешка состојба.
„Бев на пазар, разговарав со пријателот кога видовме падобрани од небо. Помисливме дека станува збор за вежба, а половина час подоцна слушнавме дека авонот падна“, вели Владимир.
Човекот за српскиот медиуми објаснил дека слушнал дека луѓето кои работеле на блиските ниви дотрчале на помош на еден од пилотите.
„После и ние дојдовме до нивите. Имаше авион, ама не се гледаше, бидејќи од падот во земја се закопал. Видовме кациги, седиште, делови од падобран. Но авионот целосно не го видов“, вели Кухарик.
Сведокот вели дека местото на падот на авионот било одалечено скоро километар од пилотот.
Друг сведок вели дека бил на нива кога видел дека пилото и копилотот се спуштаат на земја со падобар.
„Веднаш дотрчав, двајцата дишеа. Им го откопчав падобранот и повикавме брза помош. Меѓутоа, додека пристигна едниот веќе почин“, зборувал вознемирениот Болјарац за српските медиуми.
Како што се дознава, преживеаниот пилот е примен во болница со бројни исчашувања и ортопедски повреди типични за капитулација.
Ново на Сител
-
Гори шума над селото Нивичани, загрозени викенд куќички, интервенираат пожарникари
-
Во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар поради сообраќајка
-
Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар
-
Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам
-
Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред
-
Црна Гора се бори со пожари на неколку фронта, високи температури го отежнуваат гаснењето
-
Мртво деветмесечно бебе од село Сливник Велешко донесено во болница
-
Таеквондо натпреварувач од Грузија колабираше во пеколот во фискултурната сала