Свечља: Од денеска заеднички гранични премини меѓу Косово и Северна Македонија
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечла, тврди дека од денеска Косово и Северна Македонија ќе имаат заеднички гранични премини, односно само една пасошка контрола.
Свечља на својата страница на Фејсбук објави дека го потпишал договорот со кој ќе се овозможи воспоставување на заеднички гранични премини со Република Северна Македонија, на премините „Генерал Јанковиќ – Блаце“ и „Глобочица-Јажинце“.
-Од денеска Република Косово и Република Северна Македонија имаат заеднички гранични премини. Имајќи ги предвид пријателските односи, засновани на вредностите на еднаквост и со цел зајакнување на регионалната соработка, денеска го потпишав договорот со кој ќе се овозможи воспоставување заеднички гранични премини со Република Северна Македонија, „Генерал Јанковиќ – Блаце“ и „Глобочица-Јажинце“, напиша тој.
Овој договор, според косовскиот министер за внатрешни работи, „има за цел да ги поедностави процедурите и да го олесни движењето на луѓето и возилата“.
– Граѓаните отсега ќе се легитимираат само на еден граничен пункт, напиша Свечља.
Ново на Сител
-
Приведени крадци од Битола и Прилеп
-
Совети за долготрајна свежина на цвеќето
-
Германскиот берзански индекс DAX падна за 10 проценти
-
Викендов казнети 2.553 возачи, од кои 543 за брзо возење
-
Каја Калас на тридневна турнеја низ Западниот Балкан
-
Во Велес одржани второ коло од Европскиот куп во кајак на диви води и класик трката од Југоисточна Европска лига
-
Најбогатите селебрити во 2025 година
-
Мбапе за понудите од други клубови: Мислев само на Реал