Свечља: Безбедносната ситуација во северно Косово е видливо подобрена
Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечља изјави дека безбедносната ситуација во северно Косово во последно време е видливо подобрена.
На состанокот на Советот за демократија и човекови права што денеска се одржува во Приштина, Свечља оцени дека најголем предизвик оваа година било зачувувањето на редот, јавната безбедност и територијалниот интегритет на Косово. Како друг предизвик, Свечља го посочи проширувањето на суверенитетот во северниот дел на земјата.
Според Свечља, косовските безбедносни институции се соочиле со „екстремистички напади“, но доволно добро се справиле со нападот на 24 септември во Бањска.
Во северното косовско село Бањска на 24 септември, група вооружени Срби ја нападнаа косовската полиција, при што животот го загубија еден косовски полицаец и тројца вооружени напаѓачи. Поранешниот потпретседател на најголемата партија на косовските Срби, Српската листа, Милан Радојчиќ, ја презеде целосната одговорност за настаните и беше уапсен, но еден ден подоцна беше ослободен од српските власти. Интерпол распиша меѓународна потерница за Радојчиќ.
Свечља посочи дека во последните години се регистрирани околу 100 напади врз косовската полиција, а дека вчера имало и напад во кој бил загрозен животот на полицаец. Сепак, според Свечља, ситуацијата во северно Косово е значително подобрена.
Според информациите на КосоваПрес, непознато лице се обидело со автомобил да удри полицаец кој бил на должност во северниот дел на градот Митровица, при што бил оштетен само полициски автомобил.
Ново на Сител
-
Во Прилепско пронајдени неексплодирани гранати од Прва светска војна
-
Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на машко лице кое најверојатно се задушило
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје по повод Велигден
-
Кривична и притвор за радовишанец, при претрес пронајдена е дрога и цигари со странски бандероли | ФОТО
-
Мегваер за победата над Лион: Луд натпревар
-
Венеција двојно ја поскапе влезната такса за еднодневни патувања
-
Рубио му пренел на Лавров дека САД можат да се откажат од мировен договор за Украина ако нема јасни знаци дека може да се постигне
-
Приведен 21-годишен кумановец, при претрес на неговиот дом пронајдено е оружје | ФОТО