Свеченост по повод Денот на АРМ и во штипската касарна
Во штипската касарна „Јане Сандански“ одбележан денот на АРМ, ден кога во 1943 година на Славеј планина е создадена првата организирана формација на македонската војска, со формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“.
Гордост е да се биде дел од Армијата чии корени се протегаат длабоко во минатото, низ вековната борба за слобода и самостојност на македонските воини, востаници и борци кои ги поставија темелите на денешната држава, истакна командантот на касарната Горан Петрушевски.
-Сите припадници на АРМ, со својот професионален ангажман, со љубовта кон татковината, но и лојалноста, одговорноста и посветеноста кон реформите, имаат свој придонес за извршувањето на Уставната мисија за одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата татковина и во достигнувањето на поставените стандарди-изјави потполковник Горан Петрушевски, командант на касарната „Јане Сандански“ - Штип.
Стратегиска определба на Армијата и на секој нејзин припадник е полноправно членство во НАТО алијансата, за што досега над 3000 македонски војници и офицери замаа активно учество во мировните мисии.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар