Свечено отворено новото седиште на НАТО

Новото седиште на НАТО денеска беше официјално пуштена во употреба, откако градежната фирма ги предаде клучевите и беа кренати знамињата на земјите-членки, а над објектот прелетраа и воени авиони.
Церемонијата се одржа пред почетокот на средбата на шефовите на држави или влади на членките на НАТО.
- Зградата е симбол на единството и на променетиот свет. НАТО е формиран пред околу 70 години, за да им даде безбедност на нашите народи за време на Студената војна. Со падот на Берлинскиот ѕид, светот и НАТО се променија, поранешните непријатели станаа партнери, а потоа и сојузници. На 11 септември 2001 година светот повторно се промени со теротистичкиот напад во Њујорк, по што презедовме најголема операција досега. Со промената на границите на Украина со воена сила, НАТО одговори со најголемо распоредување на сили, Тоа го направивме не за да предизвикаме, туку да спречиме конфликт, затоа остануваме отворени за дијалог, истакна генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Тој го поздрави и претстојното зачленување на Црна Гора во Северноатлантска алијанса, истакнувајќи дека „НАТО е најуспешен сојуз во историјата поради храброста на нашите војници“.
Премиерот на Белгија, Шарл Мишел на церемонијата истакна дека „по толку многу жртви во нападот во Манчестер, сојузниците треба да се соочат со заканата, која убива деца на концерт“.
- Убедени сме дека треба да ги заштитиме нашите граѓани. Безбедноста е на прво место, но таа ќе биде постигната само ако работиме заедно. Ја потврдуваме решителноста да го заштитиме мирот и стабилноста. Силната Европска унија го прави НАТО посилен, а силен НАТО придонесува за побезбедни САД и Канада. Безбедноста денес бара повеќе од стандардните воени способности, потребна ни е мека и тврда сила. Вредностите на НАТО - демократија, слобода, човекови права, вледеење на законот - не се застарени, посочи Мишел.
Тој додаде дека местото каде што е новото седиште на НАТО за време на двете светски војни било бомбардирано од англиските и германските војски.
Ново на Сител
-

29-години од смртта на принцезата Дијана
-

Возачот на ЈСП кој спречи пожарот од автобусот да се прошири во парк-шумата Водно ќе биде награден
-

Три бесплатни концерти за четири дена во Скопје, финалето со Дејвид Гета за 35 години независност
-

Родители во Ресен со дрвен предмет ја тепале својата 15-годишна ќерка
-

Од мотор во движење пукано кон „ауди“ кое го возел 34-годишен кумановец
-

Герасимовски: Учениците од четврто до деветто одделение во ООУ „Киро Глигоров“ привремено ќе следат онлајн настава
-

Фатен крадец во Државна болница, нападнал вработена која се обидела да го спречи
-

Пожарникарите од Крива Паланка спасија куче кое паднало во бунар длабок седум метри
