Свечено отворање на Зимските олимписки игри во Пекинг
Под строги протоколи и ограничен број само домашни гледачи поради пандемијата на коронавирус денеска во Пекинг официјално стартуваат Зимските олимписки игри (ЗОИ 2022) на кои до 20 февруари ќе настапат 2.900 спортисти од над 90 држави.
Церемонијата на свеченото отворање ќе почне во 12:55 часот по средноевропско време на стадионот „Птичје гнездо“ на кој беше отворена и летната Олимпијада во 2008 година.
И овој пат, како и тогаш, улогата на уметнички директор на церемонијата му е доделена на најпознатиот кинески режисер Жанг Јиму, кој најави спектакуларно отворање на олимписката манифестација.
– Можноста по втор пат да го режирам отворањето на олимписките игри е голема чест, но и товар, бидејќи никој никогаш не бил два пати режисер. Отворањето на зимски игри ќе биде уште подобро од Пекинг 2008, бидејќи ќе креирам нешто ново. На отворањето на Игрите 2008 ја претставив кинеската историја и цивилизација, а денес сè е поинаку, и статусот на Кина и угледот на Кина во светот, изјави неодамна 71-годишниот Јиму, кој најави оти нема да вклучува „голем број изведувачи“.
Прв пат во историјата на Зимските олимписки игри ќе настапат Саудиска Арабија и Хаити, додека македонскиот олимписки тим го сочинуваат Ана Цветановска (нордиско трчање), Ставре Јада (нордиско трчање) и Дардан Дехари (алпско скијање).
Цветановска ќе настапи 5 и 10 февруари, Јада на 8 и 19 февруари, додека Дехари ќе настапи во слалом на 13 февруари и во велеслалом на 16 февруари.
Честа да го носи македонското знаме на стадионот „Птичје гнездо“ ќе ја има Дехари.
Пекинг од денеска и официјално ќе стане првиот град во олимписката историја, домаќин на летна и зимска олимпијада, а според кинеските власти, за организацијата на ЗОИ2022 се потрошени 3,5 милијарди евра.
Ново на Сител
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Во спомен на младите загинати во пожарот во „Пулс“ започнува програмата „Лето во друштво“ во Кочани
-
Кривична против 34-годишен маж од Тетово, истепал едно лице и со нож му нанел убодни рани
-
14-годишно дете физички нападнато од група малолетници на трим патеката во Кисела Вода
-
Татко пријавил дека кавадарчанец вознемирувал и се заканувал на неговата малолетна ќерка
-
Мицкоски за изјавата дека УЧК имале праведна војна: Не може убиства од заседа да се праведна борба
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути, на ГП Богородица 20 минути, а на ГП Дојран 15 минути
-
Грета Тунберг и други активисти повторно ќе отпловат за Газа