Свечена седница на советот во Пробиштип по повод Денот на рударите
По повод денот на рударите, денеска Советот на Општина Пробиштип одржа свечена седница, на која беше промовирана монографијата за општината во период од 2005 до 2015 година.
Авторот на монографијата Раде Илиевски истакна дека оваа монографија се издава по повод 60 години од постоењето на општина Пробиштип. Во неа преку фотографии од сите институции, стопански капацитети, културни знаменитости, и спортски клубови се дава слика за развојот на градот.
-Оваа монографија има цел да го претстави растежот и развојот на градот во период од 10 години. Се ограничивме за овој период бидејќи претходно имавме една убава монографија од Стојан Стефановски, која го опфаќа пертиодот до 2005 година, таму е кажано се и од таа причина на еден малку поинаков начин речивме да ја направиме оваа монографија, вели Илиевски.
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски даде отчет за сработеното во текот на изминатата година, а најдобрите ученици и спортисти добија признанија за своите успеси. Паричните наградите изнесуваа до 10.000 денари.
Во Пробиштип утре по повод заштитничката на рударите Голема Богородица на Градскиот плоштад ќе се открие новиот споменик на Свети Гаврило Лесновски, кој е донација од бизнисменото Чедо Петров.
Ново на Сител
-
УХМР: Следува период на претежно стабилно време
-
МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми
-
Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници
-
Неготинскиот градоначалник пријавил заканувачки пораки
-
Сообраќајка помеѓу четири возила на патот Скопје - Велес
-
Меџити нема информации дали бил прислушуван од АНБ
-
10-годишно дете нападнато од двајца соученици, едниот од нив снимал со телефон
-
Руте: Мир ќе обезбедиме преку сила