Свечен прием за шампионите: Студенти на ФФОСЗ со светски и балкански медали во кик-бокс
Денеска на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје се одржа прием достоен за шампиони. Деканот на ФФОСЗ свечено ги прими студентите кои ја претставуваа Македонија на Светското првенство во кик-бокс одржано во Абу Даби, настан од највисок ранг со учество на над 60 земји и повеќе од 2.000 врвни натпреварувачи од целиот свет.
Во силна и бескомпромисна конкуренција, македонските репрезентативци покажаа срце, знаење и карактер, освојувајќи значајни медали. Стефан Михајловски освои сребрен медал, а Силвио Мировски бронзен медал, со што уште еднаш го истакнаа македонското знаме на светската спортска сцена.

На настанот присуствуваше и Максим Митровски од Кик-бокс клубот Шампион, кој се закити со златен медал и пехар за најдобар сениор на ринг во дисциплината лоу кик на Балканското првенство „Балкан Бест Фајтер“.

Деканот на ФФОСЗ, проф. д-р Влатко Неделковски, и проф. д-р Жарко Костовски, професор по боречки спортови, им честитаа за извонредниот успех, истакнувајќи дека ФФОСЗ е горд дом на шампиони кои со своите резултати се пример за посветеност, дисциплина и врвни вредности во спортот. Овој успех е уште една потврда дека ФФОСЗ создава лидери, победници и амбасадори на македонскиот спорт.

- Благодарност до Факултетот, а посебно до деканот проф. д-р Влатко Неделковски, до продеканката за настава проф. д-р Андријана Мисовски, како и до професорот по боречки спортови проф. д-р Жарко Костовски, за целокупната поддршка и овозможената соработка со професорите од факултетот, чија помош има големо значење во остварувањето на вакви врвни резултати. Среќни сме што имаме ваква поставa на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, која секогаш мисли на своите студенти, изјави претседателот на КМФМ, Дејан Митровски Урко.
Ново на Сител
-

Синдикатот од 10 февруари почнува со протести, на 17-ти ќе ја блокираат Владата
-

Дурмиши: Повремените и сезонски работници добиваат законска заштита
-

Проценките завршија: Финки ќе ги добие двете згради кај кампусот на УКИМ, за ФФК ќе се доградува
-

Чебрен и Галиште може да се дадат на приватни инвеститори, но водите да останат наши
-

Министерство за одбрана во војна со сопствениот кадар – Ревизија откри големи пропусти
-

Преглед на вестите од светот
-

Кочовска: Синдикатите да се договорат со работодавачите за повисока плата
-

СДСМ: Како излегле 5 тони дрога од Македонија
