-->
-->
Сузбиена 12-члена група за криумчарење на мигранти
-->

МВР утрово спроведе акција на повеќе локации во Скопје и Куманово при што е сузбиена група од 12 лица кои изминатиот период криумчареле мигранти. Според информации од полицијата групата во периодот од декември минатата година досега спровела повеќе од 100 мигранти, а за услугите наплаќале од 500 до 700 евра.
"Врз основа на претходен договор криминалната група мигрантите ги превземала преку нелегални премини со Р.Грција и преку Македонија и Србија, мигрантите биле пренесувани во западно европските земји" велат од МВР.
Утрово извршени се претреси во вкупно 10 објекти во Гевгелија, Скопје, Штип и Куманово при што се приведени 10 лица, едно лице веќе издржува мерка притвор, а едно лице е се уште во бегство.
Деспина Тодоровска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Мемов, директор на ПИОМ
-

Последици од поплавите во о.Чешиново-Облешево
-

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите?
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
-

Илир Демири од алијансата на Села ќе делува како независен пратеник
-

Пензионерите поделени околу протестот пред Уставниот суд
