-->
-->
Супервелеслалом: Победа за Килде
-->

Норвежанецот Александер Омот Килде победи на трката во супервелеслалом, која во саботата се одржа во Хинтерштодер.
Килде до втората победа оваа сезона дојде со вкупно време 1:29.89 минути. Првата победа во сезоната, Килде ја забележа во спустот во Гармиш.
Второто место, со задоцнување од 24 стотинки му припадна на Боштјан Клине од Словенија, додека трет заврши специјалистот за технички дисциплини, кој вообичаено не настапува во спуст и супервелеслалом, Марсел Хиршер.
Австриецот Хиршер, со третото место, ја зголеми предноста во генералниот пласман, тој има 1225 бодови, 203 повеќе од Хенрик Кристоферсен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
-

Прегазено 4-годишно дете во Кичево
-

Дел од општина Аеродром без вода
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на АЛДЕ, потврдена заложба за деблокирање на македонскиот евроинтегративен пат
-

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
-

Планирана замена на радарот на Меѓународниот аеродром Скопје | ВИДЕО
-

Зголемен број на случаи на депресија во Романија: Празниците се психолошки товар за осамените
-

Му го попречиле патот две возила, едно лице од нив со рачка од пиштолот му го оштетил ветробранското стакло
