-->
-->
СУПЕРКУП: Во Будимпешта пресметка Баерн-Севиља
-->

Баерн Минхен и Севиља вечерва во Будимпешта ќе се борат за првиот трофеј во новата сезона. Шампионот во Лигата на шампионите и освојувачот на лига Европа ќе го одиграат финалниот натпрева во Суперкупот на УЕФА.
Натпреварот е посебен бидејќи е првиот, во организација на УЕФА, од почетокот на пандемијата на коронавирусот кој ќе се игра пред публика. УЕФА дозволи на „Пушкаш арена“ да бидат присутни 20.000 навивачи.
Сепак оваа бројка ќе биде помала бидејќи поради растот на бројот на заразени во Унгарија, особено во Будимпешта, навивачите на Баерн и Севиља ги вратиле своите билето.
Тимовите за овој меч добија по 3.000 билети, а според информациите од Севиља вратиле 2.500, а од Баерн околу 2.000 влезници.
Натпреварот во Суперкупот на УЕФА ќе започне во 21 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Петковски, аналитичар
-

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите, фокус е ефикасност на институциите
-

Кога бесплатен роаминг со ЕУ?
-

Софија не прифаќа европски медијатор во дијалогот со Скопје
-

Откупот на тутунот ќе започне на 16 ноември, се очекува откуп во една класа по цена нешто поголема од лани
-

Партиите со меѓусебни обвинувања за Алта банка
-

Независниот синдикат на професионални војници излезе на протест пред Владата
-

Во Дојран откриен најстариот меч во Македонија, стар околу 3.500 години
