-->
-->
Суперкуп трофејот за ФК Вардар
-->
Фудбалерите на Вардар го освоија Суперкупот на Македонија, откако по изведувањето на пенали славеа над Работнички со 5:4. Натпреварот во регуларниот дел и по продолженијата заврши со резултат 1:1.
Актуелниот првак Вардар го отвори резултатот во 11.минута преку Филип Ивановски, а Работнички израмни во 47.минута кога капитенот Баже Илијоски го совлада Гачевски.
Во пенал серијата голманот Гачевски му го донесе трофејот на Вардар, тој ги одбрани ударите на Алтипармаковски и Ристевски во четвртата и петтата серија. Претходно за Работнички сигурни од белата точка беа Цикарски, Вујчиќ и Илијоски.
Голманот на Работнички Шишков му го одбрани ударот на Ивановски во третата серија, а прецисни од белата точка за Вардар беа Хамбарџумјан, Глигоров, Стојков и Фелипе
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК