Спорт плус
6. February 2017 - 10:29

Супербол: Петта титула за Њу Ингланд

Екипата на Њу Инглад по петти пат триумфираше во Супербол (финалето на НФЛ лигата) откако ноќеска по продолжение ја совлада Атланта со 34:28. Воедно ова беше прво финале кое е решено во продолжение, а Њу Ингланд направи подвиг откако се врати од – 25.
Во првиот период ниту една екипа немаше водство (0:0), а вториот период Атланта го доби со 21:3. Кон средината на третиот период Атланта водеше и со 28:3. Во последниот период Њу Ингланд имаше скор од 19:0 и се избори за продолжение кое го доби со 6:0 или вкупни 34:28.
Квотербекот на Њу Ингланд Том Брејди го доби признанието МВП на финалето, што за него претставува трета ваква награда, а тој има вкупно пет титули со што ги надмина легендарните Џо Монтана и Тери Бредшо. Пет титули има единствено Чарли Харли.