Ракомет
3. October 2016 - 8:44

Супер лига: Одиграни дулите од третото коло

Ракометните суперлигаши ги одиграа натпреварите од третото коло, а единствена екипа без пораз е Металург II и со 7 бодови се наоѓа на првата позиција.
Резултати на натпреварите од 3.коло: Охрид – Борец 27:24, Пролет – Пелистер 20:23, Радовиш – Вардар Јуниор 31:25, Прилеп – Еурофарм Работник 19:25 и Работнички – Металург II 27:33.
Табела: Металург II 7 бодови,Охрид 6, Радовиш 6, Пелистер 6, Еурофарм Работник 6, Прилеп 6, Пролет 4, Борец 3, Вардар Јуниор 0, Работнички 0.