Ракомет
15. November 2016 - 12:50

Супер лига: Дербито се игра во Битола

Ракометните суперлигаши денеска и утре ќе ги играат натпреварите од 10.коло. Во дербито на колото се среќаваат битолските екипи Еурофарм Работник и Пелистер.
 
На првиот меѓусебен дуел победи екипата на Пелистер, но однос на тој натпревар „помладиот“ битолски тим има две засилувања во составот екс македонскиот репрезентативец Лазо Мајнов и поранешниот репрезентативец на Србија Давор Чутура.
 
Двата тима имаат по шест победи, еден нерешен резултат и два пораза. Дуелот се игра во салата „Младост“ со почеток во 18 часот, а се очекува салата да биде полна и да има околу 5.000 гледачи.
 
Утре се играат другите натпревари:
 
Вардар Јуниор – Прилеп,
Металург II – Пролет, 
Борец – Радовиш и 
Охрид – Работнички.
 
Табела: Охрид 22 бода, Еурофарм Работник 19, Пелистер 19, Прилеп 15, Металург II 14, Радовиш 13, Пролет 13, Борец 8, Вардар Јуниор 4, Работнички 0.