Сугарески-Јонеску: Соработката со ЕБОР за инфраструктурни проекти
Поддршката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во делот на инфраструктурните проекти што се реализираат во Македонија, беше тема на денешната средба на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески со Анка Јоана Јонеску, директор на Канцеларијата на ЕБОР во Скопје.
Министерот Сугарески се заблагодарил за досегашната соработка, нагласувајќи ја важноста од поддшката што ја овозможува ЕБОР за реализација на капиталните проекти и изразил целосна подготвеност за продолжување на таквата соработка и во наредниот период, соопшти Министерството за транспорт и врски.
На Европската банка за обнова и развој гледаме како сериозен партнер во реализација на проектите во инфраструктура што ги ветивме пред граѓаните. Имаме интерес таа соработка да продолжи и во наредниот период, рекол министерот Сугарески кои со Јонеску се согласиле за продлабочување на досегашната соработка.
Ново на Сител
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар
-
Пронајден пиштол „Црвена Застава" при претрес на домот на 46-годишник
-
Најмалку 18 лица го загубија животот во експлозија на камион цистерна со гориво во Нигерија
-
Најстудено во Битола и Берово, најмногу снег на Попова Шапка