Сугарески: Инвестираме 1,3 милиони евра во рехабилитација на патот Фурка-Богданци-Гевгелија
Инвестираме 1,3 милиони евра во рехабилитација на регионалниот пат Фурка – Богданци – Гевгелија и милион евра за реконструкција на патот Смоквица – Прдејци, со што решаваме еден од најголемите проблеми на жителите во овој регион, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески при денешната посета на општина Богданци.
Според Сугарески, се работи на подобрување на целокупната патна мрежа во регионот.
– Ќе ја реконструираме делницата на автопатот од Гевгелија до граница, што практично е делот што недостасува за да имаме комплетно модернизиран автопат на Коридорот 10. Унапредувањето на инфраструктурата во државата и понатаму останува стратешки приоритет на Владата. Во таа насока продолжуваме со оние крупни инвестиции што ги најавивме: рехабилитирање на преку 400 километри патишта, гасификација на земјата, изградба на железницата и подобрување на комуналната мрежа, изјави министерот Сугарески, при обиколката на инфраструктурните проекти.
Како што укажа директорот на ЈПДП Зоран Китанов, Фурка – Богданци – Гевгелија е меѓу од најоштетените патишта во државата, којшто не бил реконструиран околу 50 години.
– Во овој регион го завршивме и патот од Гевгелија до Негорци, а на барање на граѓаните ќе го реконструираме и прошириме делот од Богородица до Богданци и ќе ја реконструираме обиколницата на Богданци. Проектната документација за овие проекти е во тек и веднаш по нејзиното завршување, некаде во септември, ќе бидат распишани јавни повици за избор на изведувач и ќе се започне со градежните работи. Во периодот што следува, по завршувањето на туристичката сезона, планираме со отпочнување на уште два проекти, а тоа е рехабилитација на патот од Стар Дојран до граница и од Раброво кон Фурка, рече Китанов.
Набројувајќи ги активностите на терен, потенцираше дека за само година и два месеца почна првото пробно асфалтирање на експресниот пат Штип – Радовиш, почнати се и работите од Крупиште до Кочани, а привршува изградбата на делницата од Штип до Крупиште.
Како што истакнаа градоначалниците на Богданци и Гевгелија Сашо Поцков и Блаже Шапов, унапредувањето на патната инфраструктура е од особено значење за граѓаните и за економски развој на регионот.
Ново на Сител
-
Зеленски: Русија употреби 50 ракети, 3.270 дронови и 1.370 бомби оваа недела
-
Матео Мекачи шеф на набљудувачката Мисија на ОДИХР: Не е битен само изборниот ден, туку и предизборните процеси, како и тие по изборите
-
ЈОРСМ: До овој момент генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес
-
Локални избори 2025, вести во 12:00 на Сител Телевизија
-
Пожар во куќа во Драчево
-
Прегазена 74-годишна жена во Ресен
-
Израелската војска почна напад врз Газа, јавија израелските медиуми
-
Во Битола до 11 часот гласале 10,66 проценти од избирачите