Сугарески: Годината ќе ја завршиме со над 500 километри обновени патишта
![]()
Градежните активности за унапредување на патната мрежа во државата насекаде се одвиваат со силно темпо, оцени министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по увидот во работите на делницата од магистралниот пат Гостивар – Кичево. Според него, годинава ќе заврши со над 500 километри обновени патишта.
– По увидот во работите на патниот правец Здуње – Гостивар, забележливо е дека градежните работи се одвиваат со добра динамика и очекуваме до крајот на ноември патот да биде завршен. Нашата цел е да создадеме квалитетна патна мрежа низ целиот западен дел на земјата, која ќе овозможи економски развој и брза врска од Скопје кон Охрид и Струга. Досега изградивме, рехабилитиравме и реконструиравме 770 километри патна мрежа со вкупна вредност од преку половина милијарда евра. Оваа година ќе ја завршиме со преку 500 километри рехабилитирани патишта, од кои најголем дел регионални патишта кои биле заборавени и не беа рехабилитирани со децении, изјави министерот Сугарески.
![]()
Ваквиот тренд, како што нагласи Сугарески, ќе продолжи и во следната година и планирано е да се изврши рехабилитација и реконструкција на дополнителни 450 километри регионални и магистрални патишта низ државата, како и 70 милиони евра за изградба и санација на локални патишта и улици низ општините.
– Заради тоа апелирам и очекувам од локалните самоуправи да ги подготват проектите и навреме да поднесат за да почне од март април идната година започне нивната реализација со што значително ќе се подобри патната мрежа во нивните општини, подвлече Сугарески.
Ново на Сител
-

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште
-

Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“
-

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември
-

ЦУК: Поради поплави се евакуираат жители на дел од Кичево, одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче
-

Божикната вечер ќе биде дождлива, а на планините ќе паѓа снег
-

Нападната 52-годишна жена во Аеродром
-

Приведен 36-годишник, физички ја нападнал неговата партнерка
-

Снегот предизвика блокади, прекини и застои во сообраќајот во Белгија и Холандија
