Суга: Јапонија остро ќе регира на лансирањето на ракетата од Северна Кореја
Генералниот секретар на јапонската Влада Јошихиде Суга изјави денеска дека последното лансирање ракета од страна на Северна Кореја е закана на која Токио остро ќе реагира.
- Оваа балистичка ракета изгледаше дека лета преку нашата територија. Тоа е без преседан, сериозна и тешка закана кон нашата нација, истакна Суга.
Според него, Јапонија протестира поради лансирањето на ракетата со најсилни термини и го нарече кршење на резолуцијата на ОН.
- Јапонија блиско ќе соработува со САД, Јужна Кореја и други заинтересирани земји, со цел благовремено да се даде соодветен одговор, истакна Суга.
- Северна Кореја лансираше ракета околу шест часот изутрина по јапонско време, која прелета преку островот Хокаидо и падна во море, на околу 1.180 километри источно од Кејп Ерима, 14 минути после лансирањето, прецизираше Суга.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Томовски, СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Предвремени избори нема да има, ДУИ да не ги лаже гласачите
-
Прво човек па градоначалник
-
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ лажеше за воздухот
-
Голем пожар избувна попладнево над скопското село Батинци
-
Силјановска: Потребни реформи во ООН
-
До ФЗО се пристигнати пет претставки за сомнителни кардиолошки интервенции од пациенти