Судскиот совет в понеделник ќе избира нов претседател
Судскиот совет на Република Северна Македонија на 5 декемеври, в понеделник ќе одржи седница за избор на нов претседател.
Судскиот совет, денеска требаше да ги одржи 420, и 421. седница, но на почетокот Павлина Црвенковска поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на Судски совет.
Од Судскиот совет соопштуваат дека денешните две седници се одложени и дополнително ќе известат за терминот за нивно одржување, а дека на 5 декември в понеделник е закажана седница на Судскиот совет со две точки на дневен ред, меѓу кои констатирање на престанок на мандатот на претседателот на Судски совет и избор на претседател на Судски совет на РСМ.
Црвенковска на функцијата претседател на Судскиот совет беше избрана на 28 април 2021 година, согласно новиот Закон за судски совет, согласно кој изборот се врши од членовите на советот со право на глас кои се избрани од Собранието, со мандат од две години, без право на реизбор. Таа е избрана за член на Судскиот совет од Собранието во декември 2020 година.
Судскиот совет го сочинуваат 15 члена, од кои осум се избираат од редовите на судиите, тројца избира Собранието и двајца членови, на предлог на Претседателот на државата. Членови без право на глас се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда. Тие се избираат со мандат од шест години, со право на уште еден реизбор.
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
