Судскиот совет не одлучуваше за разрешувањето на Јово Вангеловски

Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната седница не одлучуваше за разрешувањето на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.
Претседателот на СС, Киро Здравев пред почетокот на седница изјави дека не може да се каже дали денеска ќе се расправа за разрешувањето на Вангеловски, затоа што тој дел од седницата е затворен за јавноста.
Како што е наведено во соопштението објавено на веб – страницата на Судскиот совет, на денешната седница е донесена одлука за утврдување на престанок на судиската функција на Ленка Соколовска, судија на Основен суд Куманово поради исполнување на услови за старосна пензија, а констатиран е престанок на функцијата судија-поротник на Основниот кривичен суд – Скопје на Стојанка Стојановска од Скопје, исто така поради исполнување на услови за старосна пензија.
Членовите на Судскиот совет донеле одлука Комисијата за утврдување на одговорност да се задолжи да го дополни Извештајот поради целосно и правилно утврдување на фактичката состојба, како и одлука за времено оддалечување од вршење на судиска функција на еден судија.
На седницата, како што стои во соопштението, е одлучувано и за одложување на расправа по барање на член на Судскиот совет на РСМ, во врска со извештаите на комисиите за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.
Втората точна од дневниот ред, односно донесување одлука за времено упатување на судија во Основниот суд Берово е одложена.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
-

Седум пожари на отворено, најкритично кај Велес
-

АСОМ ќе го оспори Законот за игри на среќа пред уставниот суд
