Судски совет разреши тројца судии и донесе одлука за пензионирање на двајца судии поротници
 Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната 378 седница разреши тројца судии поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и донесе одлука за престанок на мандат на двајца судии поротници од Основниот кривичен суд Скопје поради навршени 60 години возраст.
Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната 378 седница разреши тројца судии поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и донесе одлука за престанок на мандат на двајца судии поротници од Основниот кривичен суд Скопје поради навршени 60 години возраст.
Разрешените судии времено се одалечени од вршење на судиската функција.
Судскиот совет, се вели во соопштението по одржаната 378 седница, донесе одлуки за престанoк на судии поротници: во Основниот суд Свети Николе: Стојка Пешевска, Момчило Нацевски, Сузана Дерменџиева и Владимир Тосев, поради истек на мандатот; Основен суд Радовиш: Убавка Петкова, по сопствено барање и Александра Тодорова, поради истек на мандатот и во Основен кривичен суд Скопје: Митко Сандев и Зенел Елези, поради навршени 60 години возраст.
Избрани се судии поротници во Основен суд Свети Николе: Стојка Пешевска, Методи Величков, Олгица Стојкова и Кирче Костов и во Основен кривичен суд Скопје: Саше Митрев, Снежана Јовановска, Ивона Јакомовска, Мирјана Костадиновска, Даниела Каевска и Јордан Миленов.
– Постапи по барање за повторување на постапка и формираше комисија. Разгледано е позитивно мислење од Врховниот суд на РСМ во врска со Методологијата со индикатори за утврдување на сложеноста на предметите, се вели во соопштението објавено од Судскиот совет.
На седницата на Судскиот совет, како што информираат, било расправано по извештаите на комисиите на известители по поднесените барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и тоа: по 1(едно) барање ја запре постапката за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд; по 1(едно) барање разрешени се 2(двајца) судии  поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и времено се одалечени од вршење на судиската функција и
по 1(едно) барање разрешен е 1(еден) судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и времено е одалечен од вршење на судиската функција.
– Формирани се комисии на известители по поднесените барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд. За вршител на должноста претседател на Управен суд е определена Ељмедине Асани, судија на Управниот суд, се вели во соопштението од Судскиот совет.
На денешната седница, исто така, биле разгледани и усвоени извештаите на судовите во Република Северна Македонија, за првото тромесечие за 2021 година, како и записниците од 371-та, 373-та и 374-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-   
           Александар Јовановски нов директор на „Комунална хигиена“ – Скопје
-   
           Лажно се претставил како полицаец, па на едно лице му одзел пари, платежна картичка и документи за возило
-   
           САД и Кина заедно ќе работат за завршување на војната во Украина
-   
           Крадец влегол во дом на Бит Пазар, одзел накит, па откако сопственичката го затекнала, ја бутнал и побегнал
-   
           Возач со „ауди“ удрил во 76-годишна жена и тешко ја повредил
-   
           На ГП Долно Блаце уапсен 28-годишен косовец кој возел „бмв“ барано од Интерпол
-   
           Пукање со огнено оружје ноќеска во Струга, полицијата презема мерки за расчистување на настанот
-   
           Села негира дека комуница со Меџити и оти ќе биде дел од Владата







