Судски совет избира в.д. претседатели на Кривичен и на Врховен суд

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница ќе избира вршители на должност претседател на Врховниот суд и на Основниот суд Скопје 1-Скопје.
На досегашните претседатели на двата суда, Лидија Неделкова и Владимир Панчевски им истече мандатот.
Изборот на редовен претседател за овие два суда ќе се врши по завршувањето на вонредните парламентарни избори.
Кандидати за претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје се актуелниот претседател на судот Владимир Панчевски и судиите Иван Џолев и Владимир Туфегџиќ, а кандидати за претседател на Врховниот суд се актуелната претседателка Лидија Неделкова и судиите Јово Вангеловски, Снежана Бајлозова и Беса Адеми.
Членовите на Судскиот совет денеска треба да донесат одлука за престанок на функцијата судија поротник и одлука за избор на судии поротници во суд.
Ново на Сител
-

Австрија, Чешка и Словачка: Билатералните спорови да не ја блокираат интеграцијата
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

ВМРО-ДПНЕ: Зошто маршираше Филипче во Прилеп?
-

Дали Безбеден град ќе го промени однесувањето на возачите и пешаците
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

Михаилова избега во Бугарија, каде и како ја минала границата?
-

Судот во Кочани не е известен за бегството на Михаилова
