Судската администрација на протест- Бараат зголемување на платите по теркот на судиите
Функционерите и судиите си ги зголемија платите за 78 проценти, а ние треба да добиеме понижувачки пет проценти, реагираат работниците во судската администрација. Револтирани се и заради тоа што не им се исплаќаат додатоците. Велат дека со плата која е и под минималната не може да се живее.
На денешниот протест независните синдикати со порака дека ова е само почеток. Велат дека целата Државна администрација е незадоволна. Обвинија дека нема разбирање со Судскиот совет и Министерството за финансии, кои ги игнорираат нивните барања и мислат само на своите плати.
За УПОЗ ова е последно предупредување, во спротивно следува прекин на работата.
- Ова е предупредување и доколку во најбрз рок не се реши проблемот за платите и за додатоците, овие луѓе и колегите од државната управа се спремни да престанат со работа од септември, изјави Дејановски, претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Дејановски.
Поддршка за судската администрација даде и управата на кривичниот суд Скопје. Во соопштението се наведува дека судските службеници се „клучна алка во синџирот на судската власт и имаат движечка улога во остварување на правата на граѓаните пред судските постапки и заради тоа нивните барања се оправдани.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар
