Судска одлука против Астра Зенека за неиспорачаните вакцини
Првостепениот суд во Брисел денеска одлучи дека фармацевтската компанија Астра Зенека има рок до 27 септември да ги испорача ветените дози вакцини до земјите членки на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.
Станува збор за 50 милиони дози, од кои 15 милиони Астра Зенека мора да ги испорача до 26 јули во девет часот наутро, 20 милиони дози до 23 август и последните 15 милиони дози до 27 септември.
Европската Комисија ја тужи Астра Зенека за неиспорачаните вакцини предвидени во договорот склучен уште пред да бидат развиени вакцините. Поради доцнењата во испораката земјите членки на ЕУ се соочија со проблеми во кампањата на вакцинација на граѓаните.
Доколку фирмата не ги достави дозите на време ќе треба да плати по десет евра по неиспорачана доза, одлучи бриселскиот суд.
Судот оцени дека Астра Зенека направила „сериозна грешка“ со прекршувањето на договорот склучен со ЕУ и дека фирмата требала да ги вложи сите можни напори за да испочитува својот дел.
Претседателката на Европската Комисија ја поздрави одлуката на белгискиот суд.
– Оваа одлука го потврдува ставот на Комисијата: Астра Зенека не ги исполни своите ветувања од договорот, добро е да се види дека независен судија го потврдува ова, изјави Урсула фон дер Лајен.
Ново на Сител
-
Поддршка за измените на Законот за надворешни работи, во второ читање, од матичната собраниска комисија
-
Малолетник од Тетово добил труење од алкохол во Струга
-
Вчера 777 сообраќајни прекршоци, 175 за брзо возење
-
Европскиот Парламент ќе дискутира за железничката несреќа кај Темпи на иницијатива на европската левица
-
Joванов: Виновен сум, никогаш не сум можел ниту да помислам за вакво нешто
-
Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за кршење на тридневното примирје
-
Калас и неколку европски МНР во посета на Украина
-
Мерки на претпазливост за маж кој и се заканувал и се обидел да ја повреди сопругата