Судот во Урошевац му одреди 40 дена притвор на „нарко-баронот“ Гзим Чеља
Основниот суд во Урошевац го одобри барањето на Основното обвинителство Урошевац, за определување притвор од 40 дена на обвинетиот Гзим Чела, побарано од властите на Албанија, врз основа на меѓународна потерница поради основаното сомнение дека сторил кривично дело трговија со наркотици, производство и недозволено држење воено оружје и муниција.
Судијата на претходна постапка на Одделот за тешки кривични дела оцени дека постои основано сомнение дека по него е распишана меѓународна потерница од Интерпол, по барање од 8 август 2014 година и 1 март 2022 година на државата Албанија поради за сторени кривични дела трговија со наркотици, производство и недозволено држење воено оружје и муниција според Кривичниот законик на Албанија и Италија, бидејќи истиот е осуден на затворска казна во траење од 19 години, 9 месеци и 29 дена.
Во овој случај, се известуваат странките дека жалбата против ова решение не го одлага неговото извршување.
Претходно денеска косовската полиција соопшти дека го уапсила 55-годишниот албански државјанин Гзим Чела, познат како „нарко-барон“по кого е распишана потерница од надлежните органи во Албанија, бидејќи е осуден на затворска казна од поранешниот Суд за тешки кривични дела во матичната држава, како и од италијанските правосудни органи.
Полицијата денеска информираше дека Чеља бил уапсен вчера околу 17:55 часот во селото Дарданиа кај Урошевац, додека бил во стан на државјанин од Косово со иницијали А.И. Косовскиот државјанин е осомничен дека подолго време го засолнувал Чеља во својот стан.
Во соопштението се наведува дека во моментот на апсењето, албанскиот „барон ан дрогата“, покрај од косовскиот државјанин, бил придружуван од две девојки од Албанија, кои биле во станот со нив.
При претрес на станот, полицијата пронашла автоматско огнено оружје АК-47 со 15 куршуми.
Според медиумите во Албанија и Косово, Чеља е познат по трговијата со дрога која доаѓала од Турција преку Бугарија, Северна Македонија и Албанија, кон Косово и западноевроските земји.
Во неговата вила во селото Фушекуќе, во околината на градот Лежа во северозападна Албанија, во 2015 година било пронајдено количество од 18 килограми кокаин.
Албански надлежен суд на Чеља му одредил безбедносна мерка затвор за сторени кривични дела „Трговија со наркотици“, извршени во соработка, во рамки на здружена злосторничка група и „Извршување кривични дела од криминална организација и здружена злосторничка група“.
Тој е осуден на казна затвор во траење од 10 години и 8 месеци од поранешниот албански Суд за тешки кривични дела за сторени делата „Трговија со наркотици“ и „Неовластено производство и поседување оружје и воена муниција“. Исто така, во 2012 година италијанските правосудни органи го осудиле на 19 години, 9 месеци и 29 дена затвор, за сторени кривични дела „Организирање на илегална миграција“ и „Криминална организација за експлоатација на проституција“, согласно италијанскиот Кривичен законик.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист
-
Повлечен законот за средно