Судот во Москва ја потврди пресудата на Навални
Судот во Москва денеска по разгледувањето ја одби жалбата на пресудата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.
Најостриот критичар на Кремљ е осуден на две години и осум месеци затвор поради прекршување на условната казна, а сега се соочува и со судење за клевета на ветеран од Втората светска војна.
Руските власти претходно го одбија барањето на Европскиот суд за човекови права за ослободување на Навални, оценувајќи дека нема „правна основа“ и претставува „грубо мешање“ во внатрешните работи на Русија.
Европскиот суд за човекови права го испрати барањето, нагласувајќи дека постои опасност по животот на Навални.
Навални е уапсен на 17 јануари по враќањето во Русија од Германија, каде престојуваше подолг период поради лекување од труењето со нервен агенс. Неговото апсење предизвика протести во Русија, кои завршија со апсење на околу 11.000 демонстранти.
Ново на Сител
-
ИЈЗ: За една недела има над 3000 болни од грип – пријавени и два смртни случаи
-
Наместо нов Клинички, ГОБ 8-ми септември ќе станува регионален центар
-
Само електонски индекси од октомври?
-
ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе донесе иницијатива за разрешување на членовите на Судски Совет
-
Камбовски: Според сегашните закони само Советот може да ги разреши членовите
-
Судски формираше комисија која ќе ги испитува претходните постапки за Васил Јованов
-
Обвинителството прибира докази за сообраќајката во која загина Фросина
-
Мицкоски: Владата ќе им врати 50 милиони евра на компаниите за солидарен данок