Балкан
30. May 2016 - 9:44

Судири пред атинскиот Политехнички универзитет

Централната улица пред Политехничкиот универзитет во Атина минатата ноќ се претвори во бојно поле, откако анархисти извршија напади со молтови коктел врз полициските единици, јави  Њуз.ин. 

Инцидентот започнал два часа по полноќ по локлано време, кога група млади лица фрлиле Молотов коктел врз полицијата и запалиле неколку контејнери за отпад. 

Од безбедносни причини движењето во реонот каде се одвиваа сидурите беше забрането неколку часа.

Засега нема информации за повредени лица или за упасени анархисти.