Судир меѓу три возила во Скопје - две лица повредени

Вчера во 22:10 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата „Орце Николов“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од 24-годишниот К.Г. од Скопје, патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од 19-годишниот И.Ч. од Скопје и паркирано патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистерски таблици паркирано од 47-годишниот Ж.Т. од Скопје.
Со тешки телесни повреди се здобил 20-годишниот Б.С. , а со телесни повреди се здобил 20-годишниот А.М.Ч. двајцата од Скопје, сопатници од возилото „Фолксваген Голф“, констатирани од страна на лекар од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Срушениот потпорен ѕид на штипска Клиничка отворена закана за пешаците и возачите
-

Преглед на вестите од светот
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
