Балкан
2. February 2017 - 15:14

Судир меѓу главниот обвинител и амбасадорот во Албанија

Главниот обвинител на Албанија, Адриатик Љала влезе во конфликт со амбасадорот на САД во Тирана, Доналд Лу, кој го обивини за попречување на реформата во правосудниот сустем, важна за европската интеграција на земјата.

Љала го обвини амбасадорот за „целосно недипломатски напади“ и за уцена со цел да се прекине истрагата против меѓународна компанија.

Претходно, Ли го обвини Љала дека јавно се изјаснил против реформата во правосудството и го прекршил Уставот при изборот на Судскиот совет.

Реформата во правосудството има за цел да гарантира политичка независност на судиите и обвинителите и за искоренување на корупцијата. Европска унија бара видливи резултати пред да го определи датумот за отпочнување на преговори за членството на Албанија.