Судија поротник од случајот „27 Април“ поднел оставка
Од Основен суд Скопје 1 потврдија дека судија поротник во предметот „27 Април“ поднел оставка во Судечкиот совет, но официјално не е позната причината за неговото повлекување. Неофицијално, како се шпекулираше во медиумите, поротникот, пензиониран полицаец се повлекол револтиран од висината на казните за осудените. Тој имал забелешка за казните на колегите полицајци, за кои сметал дека се неправедно осудени.
-Ве информираме дека еден од судиите поротници во судечкиот совет со кој претседава судијата Добрила Кацарска, самиот побарал од Судскиот совет да биде разрешен од функцијата судија – поротник, па заради тоа е извршена и промена на советот, но во однос на предметите за кои прашувате, оваа промена нема никакво влијание со оглед да предметот поврзан со „27 април“ е веќе завршен со првостепена пресуда. Другите предмети, познати како „Транспортер“ и „Триста“, заради промена на составот на советот, формално се веќе почнати од ново и не само што се доведени во фазата во која биле претходно, туку се и во понапредна фаза со оглед да на претходните расправи за овие предмети се изведувани нови докази и соослушани нови сведоци. Па затоа оваа промена не претставуава никава пречка нити причлина за одолговлекување на предметите, велат од Основен суд Скопје 1.
Ново на Сител
-

Полицијата во Софија приведе 57 демонстранти, откриени ножеви, „боксирачи“ и пиротехника
-

Аљбан Кадриу, предложен за нов член на Судскиот совет
-

АВМУ го осуди насилниот упад во Инфомакс
-

Руте: САД ќе останат посветени на НАТО и покрај новата Национална безбедносна стратегија
-

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски
-

Пожар во куќа на подрачјето на Шуто Оризари, при излегување на куќата сопственикот се здобил со повреди
-

Зголемен бројот на туристи и ноќевања, најмногу гости од Турција, Германија, Србија и Грција
-

Опожарено возило на подрачјето на Бит Пазар, нема повредени
