Судењето за случајот „Софтвери“ одложено за 29 ноември
– Судењето против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се теререти за нелегалната набавка на софтвер се одложува за 29 ноември, поради болест на еден од обвинетите.
Судот информира дека пред почетокот на денешното рочиште, бранителот на обвинетиот Даниел Станчев, доставил лекарска потврда од 7 ноември, упат за Клиника за инфективни болести, со забелешка дека кај пациентот е дадена инфузиона и таблетарна терапија и за што е отворено боледување.
На денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје требаше да бидат сослушани повеќе сведоци предложени од Обвинителството, меѓу кои и претставник на државното правобранителство.
Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска.
Одбраната на првобвинетиот достави дополнување на предложената листа на докази, за што Судот побара пред следното рочиште да достават една ревидирана и заедничка листа на докази со оглед дека досега имаат поднесени повеќе дополнувања.
Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „ Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од КЗ.
Ново на Сител
-
Сител сторија: Пред 15 години се бореше за живот, денес е здрава и среќна тинејџерка
-
Легендарни спортски коментаторства во Сителовиот етер
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Од денеска во маркетите над 800 производи се со намалени цени
-
Германија и Словенија со нон пејпер бараат да се укине можноста за вето поради билатерални прашања
-
Годишнина од формирањето на Движењето ЗНАМ
-
Информативната редакција на Сител со Роберт Поповски
-
30 години информативна редакција на Сител со Зоран Иванов