Судењето за „Рекет“ одложено за 24 април

Судењето за случајот „Рекет“ продолжува на 24 април, откако денешното рочиште беше одложено поради состојбата со корона вирусот во Затворот Шутка.
Случајот се наоѓа во фаза на дополнение на доказна посапка, а на денешното рочиште требало да се презентираат вештачења на ЈО.
– Денешното рочиште се одложи поради состојбата со коронавирусот во Затворот Шутка и треба да продолжи на 24 април. Во фаза сме на изведување на докази од ЈО – вештачења за кои треба да се потврди дали тие вешти лица имаат лиценци и да се пристапи кон изведување на тие вештачења, информираше за МИА, адвокатот на Катица Јанева, Дељо Кадиев.
На претходните неколку рочишта се презентираа докази од Катица Јанева – искази на обвинители од СЈО, поради што тие беа затворени за јавност.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Комеморативна седница во Собранието
-

Евакуирана трета група Македонци од Блискиот Исток
-

Лекарите трпат насилство, а ретко пријавуваат
-

Цените на такси услугите во Штип остануваат непроменети
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот по средбата со маркетите: Нема основа за зголемување на цените
-

Tема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенција за иселеништво
