Судењето за Раде Штекли одложено, одбраната вели страда од растројство и има халуцинации и параноидни идеи
На денешното рочиште за случајот „Штекли“, поврзан со организирана продажба на дрога во скопската населба Аеродром, четворица обвинети – Данчо Масев, Димитар Трајков, Владимир Веселиновски и Бранислав Зајков – поднесоа предлог за признавање вина, по што судот донесе решение за раздвојување на кривичната постапка.
Во однос на обвинетиот Раде Трајковски Штекли, судот најави дека на следното рочиште ќе се соочат психијатриските вештачења од одбраната и Обвинителството.
Како што информираше судијата Илија Трпков на денешното рочиштете, во врска со психолошката состојба на Трајковски, одбраната доставила вештачење во кое се наведува дека Трајковски страда од растројство со шизофрени карактеристики, има халуцинации и параноидни идеи, и не е способен да ја следи судската постапка.
Спротивно на тоа, обвинителството доставило изготвено психијатриско вештачење во кое се тврди дека Трајковски е апсихотичен и способен да учествува во расправата.
Претседателот на Судечкиот совет, потоа го одложи судењето за 3 септември со најава дека на наредната расправа ќе ги повика вештите лица од двете страни за да ги соочи нивните мислења. Потоа, како што рече, Судот ќе одлучи на кое вештачење ќе му поклони верба, или ќе нареди ново психијатриско вештачење доколку се утврди потреба.
Обвинителството за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против вкупно 10 лица, по речиси едногодишна истрага која вклучувала посебни истражни мерки. Првично биле опфатени 16 лица, од кои седум веќе склучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години.
Според обвинителството, групата била добро организирана, со јасно дефинирани улоги – од набавка до продажба на кокаин и марихуана. Дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Комуникацијата се одвивала преку апликацијата Snapchat, а клучни докази биле обезбедени преку „Cellebrite“ системот за анализа на мобилни телефони, донација од САД.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии