Судењето за организаторите за 27 април одложено за 26 април
Судњето за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април 2017 година се одложува за 26 април, поради позитивен Ковид тест на дел од судечкиот совет, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.
– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 2/20 поврзан со настаните од 27 април 2017 – та година кои се случија во Собранието на Р.М., ја информираме јавноста дека денешната расправа како и сите расправи насрочени до 25.04.2021 година, се одлагаат со оглед да дел од членовите на судечкито совет се во изолација по добиен позитивен Ковид – тест, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд.
Следната расправа е насрочена за 26 – ти април, а за евентуални промени во термините за расправа, Судот ќе ги информира странките и јавноста.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата