Судењето за „Онкологија“ продолжи со сослушување на сведоци

На денешното рочиште за случајот „Онкологија“, во Основниот кривичен суд Скопје, сведочеше Татјана Соколова Ристова, законски застапник на пациентка која 13 години се лекувала на Клиниката за онкологија.
Соколова Ристова пред судот изјави дека лекувањето на нејзината мајка започнало кај друг доктор, но поради лошиот однос, пациентката одбивала да продолжи со терапијата. Особено се противела на хемотерапија, стравувајќи од губење на косата. По пренасочување кај доктор Никола Васев, таа започнала имунолошка терапија, која според сведокот, ѝ овозможила да живее со канцер тип 5 цели 13 години.
-Мајка ми не сакаше да прима хемотерапија бидејќи не сакаше да ѝ падне косата. За цела среќа кај доктор Нино Васев се падна лекувањето и примаше имунолошка терапија. Благодарна сум на доктор Нино Васев што мајка ми живееше толку долго со канцер тип 5, изјави Соколова Ристова.
Судењето е во фаза на доказна постапка, а денешното рочиште вклучуваше читање на докази од страна на Обвинителството кои, меѓу другото, вклучуваа списи од пронајдени лекови во канцеларијата на Васев.
Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, заедно со уште двајца онколози Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката започна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина, по што судот ја осуди на две години условна казна затвор.
Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба. Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.
Случајот го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка од ОЈО Сопје Ана Гоговска Јакимовска. Судењето продолжува на 5 ноември 2025 година.
MИА
Ново на Сител
-

Промената на времето не е проблем за бизнисот, туку неусогласеноста на божиќните празници и недела неработен ден
-

Македонија со 23 кикбоксери на „ВАКО Балкан опен 2025“ во Тешањ
-

Трамп вели дека сака Кина да „помогне“ во односите со Русија
-

Специјалниот претставник на Кремљ изјави дека Русија и САД се блиску до „дипломатско решение“ за војната во Украина
-

Се интензивираат активностите на противкандидатите за градоначалници на осум дена пред финалното гласање на 2 ноември
-

Ноќеска почнува зимското сметање на времето
-

Променливо облачно време со сончеви периоди
-

Карни: Канада е подготвена да ги продолжи трговските разговори со САД
