Судењето за насилните протести за одлуката за предметот Монструм продолжува на 9 април
Следно рочиште за насилните настани од 26 февруари за протестите против одлуката за случајот Монструм, продолжува на 9 април.
Свои сведочења денеска има полициските службеници кој го обезбедувле настанот. Тие ги раскажа настанитe и дека првин биле нападнати со камења, па после и со клоци. Лицата што ги нападнале изјавија дека не ги познават и дека истите биле со маски.
На денешното рочиште вина призна обвинетиот Бетим Касами и истиот од Кривичниот суд Скопје, беше осуден на осум месеци казна затвор. Јавниот обвинител воедно побара да му се продолжи мерката притвор, од причина дека постојат можности за бегство. Судот предлогот го прифати како основен и на обвинетиот му ја продолжи мерката притвор.
Понатамошната постапка за овој настан ќе се води против обвинетите Фабион Идризи и Артон Садики. За истите одбраната денеска достави листа на сведоци кој ќе треба да сведочат во следните рочишта.
Судењето за овој предмет го води судијата Марин Станевски, а како застапник на обвинението е обвинителката Марија Демирова-Панајотова.
Претходно три лица беа осудени со по една години затвор за сторено кривично дело учество во насилна толпа.
На протестите на 26 февруари беа повредени 11 полициски службеници и еден новинар.
Ново на Сител
-
Штипска физикална со недостаток на кадар и пристојни услови за работа
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија
-
Драматична сликата на Преспанското Езеро
-
СДСМ: 50 партиски вработувања во Осломеј
-
ВМРО-ДПМНЕ: Милионска шема со државни тендери
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор